Достапни линкови

logo-print

Иран сака да помогне во запирање на борбите во Ирак


Фалуџа

Фалуџа

Иран соопшти дека е подготвен да му помогне на Ирак во сегашните борби против Ал Каеда. Заменик шефот на иранскиот Генералштаб, генерал Мохамад Хеџази изјави дека Техеран може да понуди воена опрема и советници доколку Багдад го побара тоа. Тој отфрли секаква можност за испраќање ирански војници во Ирак. Ирачките безбедносни сили, заедно со сунитите во провинцијата Анбар се борат против милитанти на Ал Каеда кои ја презеле контролата врз градот Фалуџа, како и делови од градот Рамади. Американскиот државен секретар Џон Кери вчера изјави дека Вашингтон ќе ја поддржи ирачката акција против милитантите, но оти нема да испраќа сили на теренот.
XS
SM
MD
LG