Достапни линкови

„Името“ топ тема и во новата година


Средба на премиерот Никола Груевски со медијаторот Метју Нимиц.
Средба на премиерот Никола Груевски со медијаторот Метју Нимиц.

Текстовите посветени на проблемот со името и разговорите со Синоличка Трпкова и со Донка Барџиева Трајковска се најкоментирани содржини на нашата интернет страница.

Проблемот со името е таму каде што е, а судејќи според вашиот интерес за нашите текстови на таа тема, што се забележува по бројот на испратените пораки - и во оваа, новава година, ќе биде топ тема. „Новата година, нова шанса или нови проблеми со името“, е насловен прилогот по кој има дваесетина пораки - коментари, и тоа најмногу од Пиле, кој покрај многубројните факти за македонската надворешна и внатрешна политика како причина за нерешениот проблем, искажува задоволство што веб-страницата на Радио Слободна Европа на македонски јазик ја користат и луѓа од власта за свои изјави,што значи, читана е и од нив.
Она што го кажува професорката Трпкова си е на место, за оној кој сака да разбере и кој живее во реалниот свет.
Коментар на читател.

Редовните МКД и Владо, кои имаат сосема спротивно мислење од Пиле, иронично го нарекуваат „доктор по политички науки“ и го обвинуваат дури дека е „платен партиски пишувач на СДСМ и на Бранко Црвенковски“ па писмената полемика меѓу овие тројца наши посетители на веб-страницата се претворила во коментари дури и со навреди кон Пиле.

Интервјуто со познатата наша актерка и професорка на
Синоличка Трпкова, актерка.
Синоличка Трпкова, актерка.
Факултетот за драмски уметности во Скопје, Синоличка Трпкова, уште еднаш покажува дека многумина наши граѓани не толерираат различно мислење од своето, па МК Обсервер и МКД, на пример, разочарани, коментираат дека се зачудени од нејзината горчина врз сопствената држава и дека Синиличка дошла да плука по власта, „режим“ и „отпор“ да
За жал, новокомпомираната историја со секој ден е сè посилна.
Коментар на читател.
употребува... и тоа, како што пишува, „на медиум платен од Пентагон“.

Перо ѝ ја честита Новата Година на редакцијата на РСЕ и пожелува да опстои во објективното информирање, а за професорката Трпкова вели дека она што го кажува си е на место,
Донка Барџиева Трајковска, универзитетски професор.
Донка Барџиева Трајковска, универзитетски професор.
за „оној кој сака да разбере и кој живее во реалниот свет“, оти, според Перо, сега сме заглавени некаде пред нашата ера.

Интерес кај вас предизвикало и интервјуто со Донка Барџиева Трајковска, универзитетски професор и претседателка на Центарот за заштита на културното наследство, која смета дека државата се нафатила со еден контроверзен проект за создавање ново културно наследство, за сметка на старото кое веќе постои. Незабеган пишува дека зборовите на професорката нема кој да ги слушне во „оваа Влада на недоквакани и неизживеани партиски деца, кои си измислуваат сегашна историја и си перат пари со кич проекти како Скопје 2014“, а Перо коментира дека „за жал, новокомпомираната историја со секој ден е сè посилна“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG