Достапни линкови

Од лабораториски хамбургер до најстар човечки череп


2013 година донесе многу научни и технолошки откритија и достигнувања. Од најстариот човечки череп, до автомобил без шофер и до првиот хамбургер „одгледан“ во лабораторија.

Најновите иновации во автомобилската индустрија придонесоа колите без шофери или, пак, придвижувани само со хидроген да станат не толку далечна иднина. Тие ветуваат револуција во сообраќајот, штедење време, избегнување судари, трансформирање на урбаното планирање, па дури и заштита на човековата околина.

Лари Пејџ, претседател на Гугл, една од фирмите кои работи на возила кои се управуваат сами вели:

„Замислете како овие автомобили ќе ги сменат нашиот живот и околината: повеќе зелени површини, помалку паркинзи, поголема мобилност, помалку несреќи, повеќе слобода, помалку часови загубени зад воланот. Просечен Американец можеби троши скоро 50 минути во сообраќајот дневно“, вели Пејџ.
Замислете како овие автомобили ќе ги сменат нашиот живот и околината: повеќе зелени површини, помалку паркинзи, поголема мобилност, помалку несреќи, повеќе слобода, помалку часови загубени зад воланот. Просечен Американец можеби троши скоро 50 минути во сообраќајот дневно.
Лари Пејџ, претседател на Гугл.

Работните прототипови на ваквите возила веќе се тестирани, но експертите очекуваат да мине уште една декада пред тие да бидат пуштени во продажба.

Иднината на автомобилите се гледа и во новото погонско гориво, хидрогенот. Јужнокорејскиот гигант, „Хјундаи“, обелодени дека тестира мал автомобил на хидроген кој следната година ќе им биде достапен на купувачите.

Во минатата година беше испробан и првиот бифтек одгледан во лабораторија во Холандија од матични клетки на крава. Неговата цена беше 332.000 долари, а беше изеден на прес конференција во Лондон во август.

„Вкусот е како на месо. Отсуствува, чувствувам маснотија. Впрочем, има вкус на обичен хамбургер“, изјави еден од оние што го вкусија, кулинарскиот експерт Џош Шонвалд.

Научниците веруваат дека ваквиот вид месо би можело да понуди во иднина алтернатива во одгледувањето стока што бара многу обработлива површина.

Што се однесува до далечното минато, пак, во Грузија е откриен човечки череп стар околу милион и осумстотини илјади години.

Тоа го сврте вниманието на светската јавност, бидејќи може да ја смени историјата, односно нашето досегашно сфаќање за човековото постоење.

„Черепот покажува многу јасно дека родот Хомо имал различни видови во самата група и го поставува прашањето: дали сме сигурни дека имало хомосапиенс само во Африка“, вели Давид Лордкипанизе од Грузискиот национален музеј.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG