Достапни линкови

Православните христијани го слават Бадник


Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово - Божиќ. Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде на годинашниот кум ќе му биде врачен преодниот бадникарски ќуп. Традиционално, семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година.
XS
SM
MD
LG