Достапни линкови

Четиринаесет мртви во стампедо во Кина


Четиринаесет лица се убиени, а 10 повредени во стампедо во џамија во северозападниот дел на кинескиот регион Нингсиа. Четирворица од повредените се во критична состојба. Државните медиуми објавија дека паниката се случила вчера попладне во градот Ксиџи. Се уште не е јасно зошто настанала паниката во моментот кога била делена традиционална храна на настанот во чест на позната верска личност. Регионот на Нингсиа е дом на Хуи кинеското малцинство, кои се претежно муслимани.
XS
SM
MD
LG