Достапни линкови

Ходорковски пристигна во Швајцарија


Михаил Ходорковски

Михаил Ходорковски

Поранешниот руски нафтен магнат Михаил Ходорковски пристигна во Швајцарија од Берлин каде што престојуваше по неговото ослободување од затвор минатиот месец. Портпаролот на Ходорковски изјави дека тој и неговата сопруга патувале со воз до Базел за да ги придружуваат своите двајца синови кои требало да се вратат на училиште во Швајцарија. Ходорковски за швајцарската телевизија изјави дека сака да води кампања за ослободување на политичките затвореници. Швајцарските власти му дале на Ходорковски тримесечна виза. Инаку тој беше помилуван од рускиот претседател Владимир Путин на 20 декември откако поминал повеќе од десет години затвор за измама и даночно затајување. Тој секогаш негираше каква било вина, а на неговата пресуда Западот гледаше како на политичка одмазда од страна на Кремљ за неговото финансирање на опозицијата. Ходорковски замина за Берлин веднаш по неговото ослободување.
XS
SM
MD
LG