Достапни линкови

Владејачката партија победи во Бангладеш


Прелиминарните резултати во Бангладеш покажуваат дека владејачката партија води со 232 пратенички места на општите избори кои беа проследени со насилство и беа бојкотирани од страна на опозицијата. Исходот од изборите в недела не беше доведен во прашање бидејќи кандидатите или сојузниците на премиерката Шеик Хасина немаше противкандидати во 153 од 300 изборни единици. Најмалку 18 лица загинаа на денот на изборите, во кој стотици избирачки места беа нападнати од приврзаниците на опозицијата. Десетици лица загинаа во периодот до изборите. Изборите меѓудругото, беа проследени со сиромашен одзив на гласачите. Опозицијата го бојкотираше гласањето по Хасина откако таа го отфрли нивното барање да се повлече и да именува вршител на должноста на неутрална администрација која ќе го надгледува гласањето, како и во претходните избори.
XS
SM
MD
LG