Достапни линкови

Се урна приватен авион во Аспен


Едно лице загинало, а две се повредни кога еден приватен авион се урнал на аеродромот во Аспен, во западно-американската држава Колорадо. Според извештаите во авионот имало тројца, од кои едното лице е тешко повредено, а другото има полесни повреди. Портпаролот на американската Сојузна управа за цивилна авијација соопшти дека се работи за приватен млазен авион со средна големина. Авионот летал од Тусон во Аризона, а се урнал при обидот да слета.
XS
SM
MD
LG