Достапни линкови

logo-print

Поддршка за американските напори во израелско-палестинските преговори


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Саудискиот крал ја понудил својата "ентузијастичка поддршка" за американските напори за решавање на израелско-палестинскиот конфликт. По разговорите со кралот Абдула, Кери изјави дека неговото величество не само што ги охрабрил,туку и ги поддржал напорите со надеж дека може да се постигне успех во деновите што следат. Саудискиот министер за надворешни работи пак соопшти дека договор што ги исполнува очекувањата на Палестинците "ќе добие целосна поддршка од Саудиска Арабија." За време на разговорите, Кери го информираше кралот Абдула за тридневните разговори со израелските и палестинските лидери. На неговото десетто по ред патување во регионот, американскиот дипломат се обиде да објасни што е тоа што американските претставници го нарекуваат "рамка" за насоки за евентуален мировен договор.
XS
SM
MD
LG