Достапни линкови

Сириската опозиција го реизбра својот лидер


Сириската опозиција поддржана од Западот го реизбра Ахмад ал-Џарба како нејзиниот лидер за време на Генералното собрание во Истанбул. Тој беше избран за лидер на сириската Национална коалиција за втор шестмесечниот мандат, победувајќи го поранешниот сириски премиер Ријад Хиџаб.
Коалицијата исто така, гласаше за тројца од нејзините членови како потпретседатели. Повторениот избор на Џарба се случува на помалку од три недели пред закажана мировните преговори во Швајцарија кои треба да ги седнат бунтовниците и претставниците на режимот на иста маса. Коалицијата денеска ќе дискутира дали да учествува во преговорите. Клучниот блок, сирискиот Национален совет, веќе објави дека ќе ги бојкотира женевските дводневни разговори.
XS
SM
MD
LG