Достапни линкови

Повторно одложени мировните разговори за јужен Судан


Мировните разговори меѓу владата и бунтовниците во Јужен Судан уште еднаш се одложени. Разговорите требаше да почнат вчера во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, а имаа за цел да се стави крај на тринеделните борби кои веќе оставија илјадници мртви во најновата држава во светот. Конфликтот се води меѓу воените единици лојални на претседателот Салва Кир и слабата алијанса на етничките паравојски и воените команданти предводени од поранешниот претседател Риек Махар. Кир и Махар се од ривалските етнички заедници и постои загриженост дека континуираната борба може да се развие во меѓуетнички конфликт. Јужен Судан се отцепи од Судан пред само две години. Немирите ја принудија оваа источноафриканска земја богата со нафта да го намали своето производството на нафта.
XS
SM
MD
LG