Достапни линкови

logo-print

Крвав изборен ден во Бангладеш


Парламентарни избори во Бангладеш денеска ги одбележа изборно насилство. Најмалку 18 лица биле убиени во судирите меѓу полицијата и приврзаниците на опозицијата, додека напаѓачите запалиле повеќе од 100 избирачки места. Денешното гласање беше бојкотирано од опозицијата која повика на 48-часовен генерален штрајк почнувајќи од понеделник , како и поништување на изборните резултати. Опозицијата го бојкотираа гласањето откако премиерката Шеик Хасина го отфрли барањето на опозицијата да се повлече и да именува неутрална администрација која ќе го надгледува гласањето. Бојкотот на опозицијата значи дека партијата на Хасина е на чекор до повторно освојување на власта бидејќи нејзините кандидати немаа противкандидат во 153 од 300 изборни единици. Одѕивот на гласачите е низок, иако официјални бројки се уште не се достапни. Прелиминарните резултати се очекуваат утре наутро.
XS
SM
MD
LG