Достапни линкови

logo-print

Протест на мигрантите во Тел Авив


Околу 30 000 афрички мигранти маршираа денеска во центарот на Тел Авив, барајќи од израелските власти право на работа и подобро постапување на администрацијата кон нив. Портпаролот на полицијата Лауба Самри изјави дека на улиците на Тел Авив имало над 30 илјади луѓе. Собраните демонстранти наведуваат дека се во тридневен штрајк поради односот кон доселениците, а од властите бараат да им дозволат легално да се вработат, како и да им се обезбеди почитување на други права. Десетици илјади Африканци, главно од Судан и Еритреја поминуваат преку соседните земји со цел да стигнат до Израел.
Нивното доаѓање во некои од земјите доведе до тензии со локалното население, кое ги обвинува за порастот на криминал. Израел не може според законите да ги протера на сила, бидејќи се во опасност земјите од кои доаѓаат.
XS
SM
MD
LG