Достапни линкови

logo-print

Нов бран рекорден студ во САД


Американскиот среден запад, североисточна Англија, но и делови од југот на Соединетите Држави ги очекува нов бран на екстремно ниски температури во наредните денови, предупредуваат американските метеоролози. Вакви ниски температури не се забележани во последните 20 години во Вашингтон, 18 во Милвоки и 15 во Мисури. Метеоролозите најавуваат обилни снежни врнежи, а студениот бран ќе се задржи во следната недела. Ваквиот студен бран доаѓа од Северниот пол и вообичаено се задржува во Канада, но според метеоролозите годинава тој ќе се прошири и до источните делови на САД. Во Северна Дакота забележана е температура од минус 31 степен, минус 35 во Минесота и минус 26 во Чикаго и Индијанополис.
XS
SM
MD
LG