Достапни линкови

logo-print

Серија бомбашки напади во Багдад


Ирачките власти соопштија дека во бомбашките напади во Багдад загинале најмалку 19 лица, а повредени се десетици. Полицијата соопшти дека најкрвавиот напад денеска се случил во северниот дел на Багдад, кога две паркирани автомобили-бомби експлодирале истовремено во близина на ресторан и чајџилница. Властите велат дека во експлозијата загинале 10 лица, а повредени се 26.
Во друг бомбашки напад во централниот дел на градот убиени се тројца цивили, а ранети шест. Медицински извори потврдуваат дека има многу повредени.
XS
SM
MD
LG