Достапни линкови

logo-print

Малики вети пораз на сите терористички групи во Ирак


Ирачкиот премиер Нури ал-Малики вети дека ќе ги порази "сите терористички групи" во немирната провинција Анбар, откако ирачките безбедносни сили и сунитските племиња продолжија да се борат против милитантите на Ал-Каеда во централните градови Фалуџа и Рамади. За државната телевизија Малики изјави дека нема да се повлечат се додека не се стави крај на сите терористички групи и додека не се спаси народот на Анбар. Дописникот за РСЕ од Ирак јави дека околу 60 отсто од Фалуџа е под контрола на Ал-Каеда и антивладините бунтовници. Ирачката армија го гранатираше градот со минофрлачи во обид да се искорени милитантите, при што загинаа осум лица, а 30 се повредени. Во борбите во Рамади, загинаа многу луѓе откако полицијата и сунитските племиња ја зацврстијa контролата над градот.
XS
SM
MD
LG