Достапни линкови

Групата на Ал Каеда презеде одговорност за бомбашкиот напад во Бејрут


Група која е поврзана со терористичката организација Ал Каеда ја превзеде одговорноста за самоубиствениот напад со автомобил-бомба во област во која доминираат шиитите во Бејрут. Ова соопштение е објавено на веб-сајтот кој го користат сунитските исламистички групи. Најмалку пет лица загинаа во нападот во населбата што се смета за бастион на поддршката за Иран, поддржан од милитантната група Хезболах. Тоа е најновиот во бранот напади кој го погоди Либан во последниве месеци откако граѓанска војна во Сирија се префрли кај соседната земја. Хезболах испрати борци во Сирија со цел за да се вратат про-владините сили кои пак се борат со сунитските бунтовници кои бараат смена на претседателот Башар ал-Асад.
XS
SM
MD
LG