Достапни линкови

Расте бројот на мртвите по уривањето на зграда во Гоа


Најмалку 13 работници загинаа, а десетици други се заробени по уривањето на станбена зграда во изградба во индиската држава Гоа. Несреќата се случи вчера во крајбрежното село Канакона, околу 70 километри од главниот град на државата. Локалната полиција соопшти дека околу 20 лица биле спасени и пренесени во болница. Повеќе од десетина работници се уште остануваат без идентификација. Властите соопштија дека очекуваат бројот на жртвите да се зголеми. Станбената зграда се урнала кога околу 50 работници работеле на терен. Спасувачките екипи се уште се борат да ги расчистат остатоци да ги ослободат затрупаните работници.
XS
SM
MD
LG