Достапни линкови

Почина фудбалерот Еузебио


Легендарниот португалски фудбалер Еузебио да Силва Фереира почина денеска на 71-годишна возраст од срцев удар. Еузебио беше најдобар стрелец на Светското фудбалско првенство во 1966 година во Англија, каде постигна девет голови.
За репрезентацијата на Португалија има одиграно 64 натпревари и постигнато 41 гол.
Многумина го сметаа за еден од најдобрите фудбалери во историјата. Кариерата ја започна во Максагена во Мозамбик, а во 1960 година премина во Бенфика, каде помина најголем дел од кариерата. За екипата од Лисабон одиграл 301 натпревар и постигнал 317 голови.
XS
SM
MD
LG