Достапни линкови

logo-print

Избори во Бангладеш, опозицијата бојкотира


Гласачите во Бангладеш се упатија кон избирачките места и покрај опозициските протести во кои загинаа повеќе од 100 лица во текот на изминатите неколку недели. Официјалните лица изјавија дека околу 100 избирачки места биле запалени низ целата земја во пресрет на општите избори. Главната опозициска Народна партија на Бангладеш, која го бојкотира гласањето, започна дводневен генерален штрајк против, како што ја нарече "скандалозната фарса". Премиерот Шеик Хасина ги отфрли барањата на опозицијата да стои настрана, а гласањето да го набљудува неутрална комисија, како и во претходните избори. Авами лигата на Хасина е сигурна дека ќе остане на власт по што повеќе од половина од пратеничките места ќе бидат неприкосновени, поради бојкотот на опозицијата. Околу 50.000 војници се распоредени околу Бангладеш за време на изборниот период.
XS
SM
MD
LG