Достапни линкови

Г.-г. Стефан: Ни треба духовна преобразба, а не промена на календарот


Ставот на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија е јасен и претставен – нема потреба за промена на календарот и на досегашната наша црковна традиција, истакнува поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во интервју за МИА.
- Ставот на Синодот е јасен и претставен – нема потреба од промената на календарот, од промената на досегашната наша црковна традиција, со која, се поврзани и многу настани од нашата национална историја. Кога ќе го празнуваме Илинден, ако го смениме каландарот? Затоа, повеќе ни е потребна духовната преобразба, отколку промената на календарот, вели поглаварот на МПЦ-ОА.
Во врска со тоа дали има најави за продолжување на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква, г.г.Стефан истакнува „кај нас, желбата за дијалог никогаш не престанала“.
- Всушност, ние и сметаме дека проблемите треба да се решаваат со разговор, но на рамноправни соговорници, без ултиматуми и притисоци од каков и да е вид. Никој, а особено ние епископите на Црквата, не треба да излегуваме со произволни изјави и толкувања, конкретно за вакви чувствителни и важни теми, вели г.г.Стефан.
XS
SM
MD
LG