Достапни линкови

Чести избори - политичка криза?


Предвремени парламентрани избори 2011.

Предвремени парламентрани избори 2011.

Последиците од предвремените избори се поголеми отколку бенефициите за политичарите, затоа што тие негативно ќе влијаат на европската агенда на земјата, велат аналитичарите.

И годинава политичките партии шепкаат за можни предвремени парламентарни избори. Политичарите велат дека не сакаат парламентарни избори, но се подготвуваат како да ќе ги има. Изборните кампањи во медиумите тивко стартуваа, промоции на нови мерки, вработувања и подобар животен стандард.
Кога ќе успееме да заокружиме бараме еден четиригодишен мандат, можеби тоа ќе биде индикатор дека сме малку политички постабилни и дека може сериозно да се тера европската агенда без страв од избори секоја година.

Аналитичарите, пак, од друга страна предупредуваат дека последиците од предвремените избори се поголеми отколку бенефициите за политичарите, затоа што тие негативно ќе влијаат на европската агенда на земјата.

Директорот на македонскиот центар за европско образование Бојан Маричиќ вели дека честите избори се доказ дека земјава е постојано во политичка криза.

„Значи секоја година има некој конфликт во Собрание или опозицијата го напушта или има конфликти внатре, како 24 Мартовски договор.

Мартовски договор.

декември 2012, претходно исто така имаше физички пресметки, во 2008 имаше тепачка или физичка пресметка меѓу албанските пратеници. Значи имаме константна криза на таа институција и воопшто на односот таму каде што се допираат политичките партии една со други, каде што комуницираат и каде што постои таа политичка борба и токму индикатор за
Се испраќа порака дека сме несериозни, дека власта се плаши за својата позиција, дека и требаат нови парламентарни избори за да ја утврди својата позиција и да си добие нови 4 години.
предвремени избори е таа политичка нестабилност која постојано се наметнува“, вели Маричиќ.

Тоа може да резултира со неможност да се спроведе сериозна агенда за евроинтеграциите околу која политичките фактори треба да постигнат консензус и треба да се спроведува барем на еден среднорочен план, објаснува Маричиќ.
Тој додава дека случувањата од 24 декември во Собранието, а и помирувањето кое настана со помош на европските дипломати укажува на нефункционалност на политичкиот систем во земјава.

„И тоа е сериозен проблем, токму тоа е тој политички дијалог што постојано се споменуваше минатите години и тоа е веќе постојан проблем. Значи нивото на политичка култура, особено оној дискурс што го наметнува владејачката структура не дава надеж дека нашиот систем може да функционира, да се постигнува политика со компромис, со договарање за решавање на проблемите, туку сè мора да биде на конфликтна база и потоа со интервенција на Европската унија да се постигнуваат мартовски и други такви договори.“

Аналитичарот Соња Стојадиновиќ смета дека во поглед на европската агенда предвремените парламентарни избори се погубни, особено кога станува збор за административниот кадар кој што треба да работи на спроведувањето на реформите кои од нас ги бара ЕУ.

„Се менува и кадарот, што е многу лоша практика, се менува кадарот не само во прв и втор ешалон, туку се менува скоро во сите ешалони, со што се губи квалитетот на кадрите кои претходно биле создавани од било која власт претходно. Се губи квалитет, се губи и време и едноставно се исфрла европската агенда од листата на приоритетни цели на државата.

Таа додава дека, предвремените избори негативно влијаат и врз надворешната политика, затоа што испраќаат порака до меѓународниот фактор дека си има работа со незрели политичари.

„Се испраќа порака дека сме несериозни, дека власта се плаши за својата позиција, дека и требаат нови парламентарни избори за да ја утврди својата позиција и да си добие нови 4 години за да продолжи да си ги остварува своите планови и своите агенди. Со тоа даваме знак дека сме политички незрели, затоа што толку чести предвремени парламентарни избори ни покажуваат дека едноставно имаме неспособни луѓе на власт“, вели Стојадиновиќ.

Дури и најнестабилните влади во регионот одржаа стабилни мандати заради европските интеграции, посочува Маричиќ.

„Кога ќе успееме да заокружиме бараме еден четиригодишен мандат, можеби тоа ќе биде индикатор дека сме малку политички постабилни и дека може сериозно да се тера европската агенда без страв од избори секоја година.“

Поранешниот амбасадор на Европската унија во Македонија и виш истражувач при Центарот за Европски политички науки, Ерван Фуере во еден свој текст неодамна објавен напиша дека Македонија е држава во длабока неволја, затоа што под превезот на нормална состојба лежи клима на длабока недоверба меѓу сите политички партии и главните етнички заедници а политичкиот дијалог е конфронтирачки .
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG