Достапни линкови

Куманово го усвои буџетот за 2014


Совет на Општина Куманово.
Совет на Општина Куманово.

Со конструктивни укажувања, со критики и критизерство и со мали препукувања меѓу градоначалникот и опозиционите советници, Општина Куманово го усвои буџет за 2014 година.

Со конструктивни укажувања, со критики и критизерство, со објаснувања и разјаснувања, со мали препукувања помеѓу градоначалникот и локалната администрација од една и опозиционите советници од друга страна, општинскиот буџет за 2014 година на Куманово е усвоен. Според Ирена Илиевска, раководител на Секторот за финансии, за основниот буџет се предвидени 780 милиони денари од општинските средства, 800 милиони денари дотации од државата, 70 милиони денари од сопствените приходи на Општината и 700 илјади денари донации. На реакциите на опозицијата, Илиевска со објаснување:
Слаба е наплатата на данокот, па сакав да укажам дека јавните претпријатија се во катастрофална состојба, како и Секторот за финансии.
Ашмет Османовски, советник од опозиционата коалиција во Куманово.

„Во текот на 2014 година се прави измена и дополнување, односно ребаланс на буџетот доколку има потреба и тој ребалансиран буџет е основен буџет. И компарација се прави со ребалансираниот буџет“, вели Илиевска.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Ашмет Османовски од опозиционата коалиција „За подобра Македонија“ забележува дека најверојатно ќе има ребаланс со оглед на тоа како се полни касата и додава:

Законите што се носат во однос на локалната самоуправа се лимитирачки за слободата, односно за самоуправувањето на локалните самоуправи.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
„Слаба е наплатата на данокот, па сакав да укажам дека јавните претпријатија се во катастрофална состојба, како и Секторот за финансии. Чинам дека на Општината Куманово и на јавните претпријатија им се потребни експерти кои ќе направат студија која ќе дојде пред нас за носење на буџетите“, вели таа.

Максим Димитриевски од коалицијата на СДСМ и претседател на Советот со потсетник кон опозиционите советници дека средствата директно наменети за финансирање на пренесените надлежности од централната на локалната власт и тоа во делот на образованието се намалени.
Совет на Општина Куманово.
Совет на Општина Куманово.

„Средствата планирани за финансирање на образованието се за околу девет милиони денари намалени во однос на минатата година. Прашање е што тоа значи за функционирање на образовниот процес во Општината Куманово“, вели Димитриевски.

Тоа, според него, ќе имлицира и буџетска интервенција од граѓанските средства уплатени по разни основи, даноците и таксите, за градот нормално да функционира.

Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека буџетите на локалните самоуправи се прогностички и неконстантни. Затоа и се прават еден или два ребаланси. Споредувајќи ги буџетите со соседните земји, Дамјановски рече дека со тие средства не може ниту да се сервисира основната функција на локалната самоуправа. При тоа тој додаде дека локалните самоуправи тоа добро го знаат.

„Треба прво да ги гледаме политичките одлуки за децентрализацијата која беше основен столб на демократијата и тоа беше дел од Рамковниот договор. Сега законите што се носат во однос на локалната самоуправа се лимитирачки за слободата, односно за самоуправувањето на локалните самоуправи. Погледнете какви закони се носат во инспекцискиот дел, фискалниот и јавните набавки. Образованието, културата и социјалата ни ги дадоа нам, а сите други манипулативни процеси им останаа. Затоа ние буџетот само го прогноизираме“, вели Дамјановски.

Драган Петковски од опозициската коалиција има забелешка за планираните средства во однос на приоритетот на реализирање проекти.

„На пример, за изградба на спортски базен во Куманово во 2014 година се предвидени средства од 75 милиони 213 илјади денари. Тоа би било за поздравување, но за изградба и реконструкција на основни училишта во градот се предвидени околу 260 илјади евра, односно четири и пол пати помалку отколку за базенот“, вели Петковски.

Тој наведува уште неколку слични примери, меѓутоа како што велат одговорните во локалната самоуправа, веројатно ќе следат ребаланси на буџетските средства. Како и да е, со финансиските проблеми на локалните јавни претпријатија, со блокираната сметка на Општината, со неусвоениот извештај на ЈП „Водовод“ и неговата блокирана сметка поради долгови, со зголемената цена на суровата вода од снабдувачот ЈП „Водостопанство Кумановско-Липковско Поле“, со неусвоената програма на ЈП „Чистота и зеленило“, како и со бројни други финансиски проблеми на најголемата локална самоуправа во државава и претстои ни малку лесна година.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG