Достапни линкови

logo-print

Состојбата на Шумахер и натаму критична


Менаџерката на Михаил Шумахер, Сабина Кем потврди дека семејството на повредениот возач на формула им ја предала на француските истражители камерата која во текот на несреќата додека скијал Шумахер ја носел на својата кацига. Кем соопшти дека здравствената состојба на популарниот возач и натаму е сериозна, но стабилна. Таа побара од медиумите да ја почитуваат приватноста на семејството Шумахер.
-Камерата од кацигата, семејството ја предаде доброволно. Не е точно дека тоа е направено спротивно на волјата на семејството. Ве молам да ја почитувате нивната приватност...Во договор со лекарите кои го лечат Михаил, не се очекува прес конференција до понеделник, изјави Кем.
XS
SM
MD
LG