Достапни линкови

logo-print

Вевчанци посакуваат ски центар на Јабланица


Планината Јабланица.

Планината Јабланица.

Проектот за изградба на модерен ски центар над нивното село на падините на планината Јабланица е поостварлив проект од проектот на Субрата Рој во Љубаништа, велат вевчанци.

Вевчанци велат дека проектот за изградба на модерен ски центар над нивното село на падините на планината Јабланица е поостварлив проект од проектот на Субрата Рој во Љубаништа. Очекуваат дека најавената инвестиција во зимскиот туризам ќе го направи Вевчани уште поатрактивна туристичка дестинација за домашните и странски гости. Насто Богоески, сопственик на ресторанот Кутмичевица во Вевчани, верува дека проектот ќе се оствари за брзо време.
Јас мислам дека е ова е порелна идеја отколку идејата за Љубаништа за Субрата Рој.

Цветомир Угриноски, градоначалник на Вевчани.

Цветомир Угриноски, градоначалник на Вевчани.

​„Јас мислам дека е ова е порелна идеја отколку идејата за Љубаништа за Субрата Рој и е многу позидржана и пореална идеја и ќе донесе инвеститори за скијачки терени, туку и инвеститори од брендирани хотели. Од она што го знам, сигурно би бил скијачки центар од типот на Маврово.Она што го гледав во Банско, условите кои ние ги имаме се слични можеби и подобри“, вели Богоески.
Плановите се скијачките терени да бидат сместени на местото викано Голина, на самиот врв на Јабланица, а жичарницата да биде во должина од 3,5 километри.

Проектот за изградба на ски терени на Јабланица се заговара години наназад, но сето тоа до сега биле само пусти желби, велат вевчанци.

„Имаше контакти со бизнисмени од Словенија, се видоа и некои конкретни работи, но ја немавме физибилити студијата. Верувам дека со таа студија истите инвеститори многу побргу би дошле. Подобра работа од таквите најави за изградба на скијачки центар на Јабланица не можеше да му се случи на Вевчани. Вевчани тогаш ќе има и најдобри предиспозиции за развој на бизнисот во делот на туризмот. Ќе имаме летна сезона поради близината на Охридското Езеро и потоа зимска сезона што ќе ни го овозможат скијачкиѕе терени. Не ќе има подобро место за развој на туризмот од Вевчани“, вели Богоески.

Државната компанија АД МЕПСО неодамна го објави јавниот оглас за изработка на физибилити студија и мастер план за изградба на скијачки центар на планината Јабланица по пат на јавно-приватно партнерство. Временскиот рок кога треба да се изработи физибилити студијата е 12 месеци.

И градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриноски, вели дека проектот е остварлив бидејки услови на Јабланица за развој на скијањето има.

„Плановите се скијачките терени да бидат сместени на местото викано Голина, на самиот врв на Јабланица, а жичарницата да биде во должина од 3,5 километри од крајот на Вевчани до Јабланица. Предвидено е да има и викенд населба и хотелски капацитети. Најверојатно тоа ќе го правиме по пат на јавно приватно партнерство. Ќе се оди нагоре со жичарница, Охридското Езеро го имаме на дланка. Природата е многу убава, планината е питома и пристапно е до горе со возила. Кога патот ќе се среди, ќе биде уште полесно да се оди до скијачките терени со возила“, рече Угриноски.

На Јабланица снегот се задржува и по седум месеци во годината. Првиот снег паѓа на почетокот од ноември и се задржува до крајот на мај или почетокот на јуни и паѓа во големи количини. Градоначалникот вели дека неколку компании веќе пројавиле интерес да дојдат и да го видат теренот.
XS
SM
MD
LG