Достапни линкови

Карзаи го одложи ослободувањето на талибанските затвореници


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го одложи ослободувањето на 88 талибански борци, по протестот на Соединетите Држави кои сметаат дека тие би можеле веднаш да се вратат во борба, јавуваат официјални претставници на Авганистан. Најавата дека затворените талибански борци ќе бидат ослободени предизвика незадоволство кај американските воени команданти и сенатори. Во тек се напорите на САД да го убедат авганистанскиот претседател да потпише билатерален договор за безбедност со кој треба да се регулира присуството на американските војници во Aвганистан по повлекувањето на НАТО силите од таа земја следната година.
XS
SM
MD
LG