Достапни линкови

logo-print

Сириските бунтовници со ултиматум до групата на Ал Каеда


Сириските бунтовници и дадоа ултиматум на групата поврзана со Ал каеда во рок од 24 часа да се предаде. Ултиматумот доаѓа два дена по смртоносните бунтовнички пресметки во северните провинции Идлиб и Алепо. Сириската опозиција од Армијата на муџахедини, новоформираниот сојуз на исламски групи, објави војна против групата поврзана со Ал Каеда. Ахмад ал-Катиб,опозициски активист во Идлиб изјави дека бунтовниците и дале ултиматум на моќната група поврзана со Ал Каеда да се предаде до сабота попладне. Борците на оваа организација се собраа во Сирија наскоро по граѓанската војна. Но нивните брутални тактики, вклучувајќи ги и јавните егзекуции и киднапирање, тортура и убиство на ривалските бунтовници, свртеа многу локални жители и бунтовници против нив. Главната опозициона групација на Сирија, Националната коалиција, ја поддржа борбата на нивните колеги бунтовници против припадниците на оваа група.
XS
SM
MD
LG