Достапни линкови

Неделен печат - Очекувања од 2014 година


Неделниците Фокус и Глобус се осврнуваат на старата и ја предвидуваат Новата, 2014 година. Ребпублика, пак, пишува дека помпезното славење на Божиќ не нè прави големи верници.

Фокус и Глобус со осврти на старата и предвидувања за Новата, 2014 година. Не се многу оптимистични, мора да се признае.
Никола Младенов констатираше дека со многу неизвесности влегуваме во годината нова. Имаше и надеж или апел кога напиша: Дај Боже да биде помалку лоша од оваа што изминува. Ама Господ не го послуша!
Фокус.

Фокус - Бетер или better?

Фокус уште на насловната прашува: „Бетер или better(подобро на англиски)?“ за во колумната „За нештата да станат појасни“, главната уредничка да напише: „Токму пред една година, на оваа страница, Никола Младенов констатираше дека со многу неизвесности влегуваме во годината нова. Имаше и надеж или апел кога напиша: Дај Боже да биде помалку лоша од оваа што изминува. Ама Господ не го послуша! А со ваков финиш на проклетата 2013, одлучив за прв пат да избегам од солуцијата, биди песимист... Ќе пишам нормални желби, кои, верувам, ќе бидат ’остварени‘. Особено имајќи го предвид демократскитскиот хабитус на преродбениците. Во најголем дел се остварливи, барем со ваква власт!“ - иронично и подбивно пишува Фокус.
Ништо нема да се смени ниту во 2014. И неа ќе ја нема во историјата на северноатлантските интеграции. Македонија беше лидер, а талентираните ја доведоа на последното место во регионот.
Глобус.

Глобус - Годината што ја нема

Во колумната „Таленти“, колумнистот во Глобус пишува за „Годината што ја нема“. Македонија, вели авторот, се збогува со уште една година која ја нема ниту во нејзината историја, ниту во колективното паметење, а уште помалку во животите на нејзините граѓани. Ништо нема да се смени ниту во 2014, продолжува Глобус. И неа ќе ја нема во историјата на северноатлантските интеграции. Македонија беше лидер, а талентираните ја доведоа на последното место во регионот. Не само што не чувствуваат никаква одговорност за ваквиот „успех“, туку продолжуваат да го замајуваат народот со нови недоветни манипулации дека сега „правдата“ ќе ја бараат во Обединетите нации. А некадарни и неспособни да се справат со сиромаштијата и невработеноста, кои останаа во сенка на мегаломанските проекти за градба на споменици, антички палати и барокни фасади, владетелите почнаа грубо, нехумано и недостојно да манипулираат со маката на граѓаните. Од сиромаштијата направија лотарија, најнапред за вработување, а тоа се надгради со проектот „фискална лотарија“, пишува покрај другото колумнистот во Глобус.

Република - Помпезното славење на Божиќ не нè прави големи верници

Воведникот од главниот уредник на Република е посветен на празникот што допрва ќе дојде, на Божик. Па забележува дека помпезното славење не нè прави големи верници, а убавите зборови склопени во пораките што ги кажуваме еднаш во годината не нè прават добри луѓе во текот на целата година. Купениот подарок за Божик, пишува авторот на воведникот, нема да ни го оправда лошото поведение во текот на останатите 364 дена. Да се биде човек, сепак, е многу поважно од полни картички и вреќи подароци. Обидете се да бидете такви и во 2014 година, порачува Република.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG