Достапни линкови

Ердоган: Обид за судски државен удар


Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, чијашто Влада ја потресуваат корупциски скандали денеска изјави дека на Турција и се случува обид за убиство на народната волја и загрозување на иднината и стабилноста на Турција.
На ручек со група интелектуалци во Истанбул, со писатели и новинари главно блиски до неговата политика, Ердоган остро ја застапуваше својата теза дека во Турција се случува заговор, чијашто цел е да се разниша неговата власт.
-Она што се обидуваат да го направат е обид за убиство на народната волја, изјави Ердоган во говорот што го пренесе државната телевизија.
Турскиот премиер посебно ги критикуваше судиите кои покренаа истрага за корупцијата која на 17 декември опфати голем дел од неговото опкружување, вклучувајќи синови на министри како и неговиот син, по што тој спроведе голема реконструкција на Владата.
-Се обидоа да изведат судски државен удар во Турција. Но,ние ќе се спротиставиме на тој заговор, на тој скандал од 17 декември кој има за цел да ја загрози стабилноста и иднината на Турција, изјави Ердоган.
XS
SM
MD
LG