Достапни линкови

Пет "лекари без граници" грабнати во Сирија


Меѓународната хуманитарна организација "Лекари без граници" соопшти дека петмина од нејзините работници "биле грабнати" од нивните престојувалишта во северна Сирија. Во соопштението пишува дека сите пет биле земени најверојатно за испрашување. Се уште не се знае кој е одговорен за инцидентот. Органзацијата не ги соопшува националностите и позициите на петте работници. Од Лекари без граници соопштија дека се "во контакт со сите релевантни чинители" и дека се обидуваат повторно да воспостават контакт со персоналот. Во соопштението се вели дека нивната организација има работници во шест болници и четири здравствени центри во северна Сирија, но не се наведува каде работеле петте грабнати. Хуманитарните работници во областите кои ги контролираат бунтовниците во Сирија се соочија со притвор и киднапирања за време на речиси тригодишната војна.
XS
SM
MD
LG