Достапни линкови

Одложени разговорите за помирување во јужен Судан



Директните разговори помеѓу претставниците на властите и бунтовниците од Јужен Судан кои денеска требаше да започнат во Адис Абеба се одложени, а нов датум се уште не е објавен. Преговарачките тимови на претседателот на Јужен Судан Салве Кир и неговиот сменет заменик вчера разговарале со посредници, со што требаше да биде подготвен теренот за директни разговори. Целта на разговорите е да се стави крај на неколкунеделното насилство и да се воспостави примирје. Тешките борби продолжуваат во Јужен Судан. Од 15 декември во оваа земја убиени се најмалку 1000 лица, а 180 илјади се раселени поради конфликтот. Хуманитарните организации соопштуваат дека повеќето од нив немаат покрив над глава и чиста вода.
XS
SM
MD
LG