Достапни линкови

Најмалку 16 жртви на невремето во САД


Силен снег и ледени температури кои го зафатија североисточниот дел од Соединетите Држави во последните два дена однесоа најмалку 16 животи, од кои четири починаа вчера. Невремето ги поремети воздушниот и патниот сообраќај, а затворени се и училиштата и фирмите. Во Филаделфија еден работник загина кога врз него паднала палета со сол во висина од 30 метри, а во Њујорк една жена која боледувала од Алцхајмерова болест умрела од студ кога излегла од својот дом и залутала. Двајца починале во несреќи по патиштата, а седуммина умреле од студ во неколку држави од средниот запад. И во Канада се забележани рекордно ниски температури.
XS
SM
MD
LG