Достапни линкови

Италијанската морнарица спаси над 1000 мигранти


Италијанската морнарица изјави дека повеќе од 1.000 мигранти биле спасени од Средоземното Море во текот на последните 24 часа. Вкупно 823 мигранти, кои патувале на четири пренатрупани чамци, биле заштитени во близина на малиот италијански остров Лампедуса. Сопштено е дека патниците се дојдени од Египет, Тунис, Пакистан , Ирак и од други земји. Требало да бидат префрлени во Сицилија. Доцна во средата, еден брод со 233 патници беше спасен од силните ветрови и немирните води, исто така во близина на Лампедуса. Повеќето од патниците доаѓаат од Еритреја, Нигерија, Сомалија, Пакистан, Замбија и Мали.
XS
SM
MD
LG