Достапни линкови

Путин ја повлече забраната за демонстрации во Сочи


Рускиот претседател Владимир Путин ја повлече забраната за одржување демонстрации во и околу Сочи, за време на одржувањето на зимските олимписки игри и параолимписките игри во руското црноморско летувалиште. Во указот кој денеска е објавен на сајтот на Кремљ се наведува дека состаноците, собирањата, демонстрациите и маршевите кои не се поврзани со олимписките игри можат да бидат одржани на местата и рутите кои ги одобрува министерството за внатрешни работи. Минатата година Путин ги забрани сите демонстрации во Сочи кои не се поврзани со игрите кои ќе се одржат од 7 јануари до 21 март. Тој негов потег наиде на жестоки реакции и критики од страна на организациите за заштита на човековите права.
XS
SM
MD
LG