Достапни линкови

Расте бројот на жртви во судирите во Египет


Најмалку тринаесет лица загинале во судирите меѓу безбедносните сили и поддржувачите на забранетото Муслиманско братство, соопшти министерството за здравство.Мртви има во Каиро, во Фајам, Исмаилија и Александрија.
При тоа, над 50 лица биле повредени, а над 122 биле уапсени.
Стотици луѓе загинаа, а илјадници се во затвор по отстранувањето од власта на исламистичкиот претседател Мухамед Морси во јули минатата година. Протестите зачестија откако муслиманското братство официјално се прогласи за терористичка организација минатиот месец. Властите пак се подготвуваат за гласање на новиот Устав подоцна во овој месец.
XS
SM
MD
LG