Достапни линкови

Кери ја продолжува мировната мисија на Блискиот исток


Со цел да се постигне мировен договор, американскиот државен секретар Џон Кери разговараше со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, а се сретна и со палестинскиот претседател Махмуд Абас. По состаноците со двајцата лидери, Кери оцени дека секој ден има се повеќе напредок за мировниот договор. Тој изјави дека постигнувањето мир меѓу Палестинсите и Израелците не е невозможна мисија и најави нови состаноци за денеска. Американскиот државен секретар сака двете страни да се усогласат за рамковниот договор кој во општи црти е всушност предлог за конечен договор. Израелците и Палестинсите пак, меѓусебно се обвинуваат за саботирање на мировниот договор. Абас изјави дека израеските најави за изградба на повеќе домови за Евреите на Западниот брег покажува дека Тел Авив не е посветен на мировниот процес. Израелскот премиер Нетанјах пак го критикуваше Абас за поддршката која ја даде на групата палестински затвореници кои во вторникот беа ослободени од изралеските затвори.
XS
SM
MD
LG