Достапни линкови

logo-print

Девет загинати во вооружен напад во затвор во Мексико


Девет затвореници се убиени кога вооружени напаѓачи влегле во затвор во Мексико, соопштија локалните власти. Напаѓачите влегле во затворот во местото Игуам, на 190 километри југозападно од Мексико и претставувајќи се како службеници кои се во придружба на еден затвореник, влегле во затворот и отвориле оган врз стражарите и затворениците. Девет лица се мртви, а двајца стражари ранети. Убиените затвореници отслужуваат казна поради нелегално носење оружје, продажба на кокаин и киднапирање.
Засега не е познат мотивот на нападот.
XS
SM
MD
LG