Достапни линкови

Шест луѓе загинаа во судирите ширум Египет


Во Египет, најмалку шест лица загинале во судирите меѓу безбедносните сили и поддржувачите на забранетото Муслиманско братство.

Три лица загинаа во Каиро, а три други во Фајам, Исмаилија и Александрија.
При тоа, над 40 лица биле повредени, а над 120 биле уапсени.

Стотици луѓе загинаа, а илјадници се во затвор од остранувањето од власта на исламистичкиот претседател Мухамед Морси во јули минатата година.
XS
SM
MD
LG