Достапни линкови

Бугарите и Романците изедначени со другите во ЕУ


Укинувањето на рестрикциите за работа за Бугарите и Романците во девет земји на Европската унија, вклучувајќи ги Германија, Франција и Британија беше оценето и како голема можност и како голема закана. Стрaвувањата остануваат големи особено од можната голема миграција од двете најсиромашни земји во Унијата.

Пред укинувањето на рестрикциите, некои британски весници предвидуваа инвазија на сиромашни мигранти кои ќе бараат бенефиции, ќе ги преземаат и онака ретките работни места, па дури и ќе крадат старо железо.

Кога Романија и Бугарија и се придружија на Европската унија во 2007 година, девет членки на Унијата веднаш воведоа пречки за нивните граѓани во првите седум години од членството на овие две земји.

Тоа особено важеше за нивното право на работа и на бенефиции од социјалните и здравствени програми.

И додека аналитичарите велат дека е премногу рано да се предвиди исходот од промената на политиката, ова прашање е посебно чувствително во Британија, каде што претходната лабуристичка влада потфрли во проценката на бројот на мигрантите во Британија откако во 2004 година во Унијата беа примени нови членки од Источна и Централна Европа.
Слободното движење на луѓето е еден од камен темелниците на интеграцијата на Европската унија. Ова право е едно од најнегуваните од Европејците.

Студијата сметаше на околу 13 илјади мигранти до 2010 година. Но пописот во 2011 покажа дека за тоа време над 520 илјади Полјаци станаа британски граѓани.

Пред рецесијата во Британија тамошните политичари во имиграцијата гледаа како на катализатор на економскиот пораст. Но, сега лошата економија ја шири анксиозноста.

Лондонскиот весник Дејли Телеграф деновиве предупреди дека Романија и Бугарија имаат либерален став спрема издавањето пасоши на луѓе од нивните соседни земји, предвидувајќи прилив на сиромашни луѓе од југоисточна Европа кои ќе ги имаат сите права на работа во Британија.

Романската влада на ова гледаше како на дел од ксеонфобична кампања. Букурешт потенцира дека на Романците Британија воопшто не им главна дестинација.

Стапката на невработеност во Романија е околу 7 проценти, односно приближна како и во Британија, а дури за една третина и помала од например шпанската. Весникот „Економист“ дури оцени дека „просечен жител на Букурешт поудобно живее од просечен жител на Манчестер“.
Ласло Андор, еврокомесар за вработување.

Ласло Андор, еврокомесар за вработување.


Букираните летови на авиокомпанијата „Булгарија Ер“ за првите три месеци од годинава се намалени за три насто од истиот период лани. Во исто време нема најави за воведување екстра летови за Британија.

Еврокомесарот за вработување Ласло Андор вчера изјави дека Британија нема да доживее брз и голем прилив на имигранти од Романија и Бугарија, бидејќи веќе три милиони жители на овие две земји веќе се наоѓаат во некои други членки на Унијата.

„Слободното движење на луѓето е еден од камен темелниците на интеграцијата на Европската унија. Ова право е едно од најнегуваните од Европејците. Над 14 милиони од нив учат и работат во друга држава на Европската унија“, наведува еврокомесарот Ласло Андор.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG