Достапни линкови

Американската амбасада од Јужен Судан се евакуира


Од американската амбасада во Џуба, главниот град на Јужен Судан, се евакуира персоналот поради се полошата безбедносна ситуација во таа земја. Американскиот амбасадор Сузан Пејџ изјави дека не е суспендирана работата на амбасадата, туку само се сведува на неопходниот минимум. Над илјада луѓе загинале во досегашниот конфликт меѓу владините сили и бунтовниците, кој започна пред три недели. Во меѓувреме, во Етиопија започнаа мировни преговори меѓу завојуваните страни, кои најнапред се фокусирани врз склучувањето примирје.
XS
SM
MD
LG