Достапни линкови

logo-print

И кинескиот брод заглави во Антарктикот


Кинескиот брод мразо-кршач, кој помогна во спасувањето на патниците од рускиот брод во Антарктикот, и самиот денеска заглавил во мраз. Австралијските власти соопштија дека бродот, наречен Снежен Змеј, ќе се обиде да се придвижи кога условите ќе бидат подобри. Австралијскиот брод, мразокршач, во кој се спасените патници, ќе остане на отворено море во реонот. Инаку, рускиот мразо-кршач Академик Шокалски, е заглавен во мразот во Антарктикот од 24-ти декември.
XS
SM
MD
LG