Достапни линкови

Либан ООН го осудија последниот бомбашки напад во кој загинаа шест лица


Советот за безбедност на ООН го осуди бомбашкиот напад во Бејрут во кој загинаа шест лица а десетици се повредени. Генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун рече дека нападот говори за загрижувачка ескалација на насилството во Либан во последните месеци. Тој ги повика сите либански партии на воздржаност. Експлозијата се случи за помалку од една недела откако беше убиен поранешниот министер за финансии Мохамед Чатах, критичар на шиитскиот Хезболах. Либанскиот главен град во последниов месец беше погоден од серија бомбашки напади откако нараснаа тензиите меѓу сунитите и шиитите под влијание на конфликтот во соседна Сирија.
XS
SM
MD
LG