Достапни линкови

logo-print

Обраќањата на папата Фрањо до сега ги слушале над 6,6 милиони верници


Папата Фрањо до сега привлекол трипати повеќе верници за десет месеци од неговиот понтификат отколку неговиот претходник Бенедикт 16-ти, покажуваат податоците на Ватикан. Според Ватикан, на аудиенциите, мисите и неделните молитви од изборот на аргентинскиот папа, od 13 март до крајот на годината присуствувале 6.623.900 верници. Неговиот претходник, Бенедикт 16 го слушале 2,3 милиони во текот на целата година. Ватикан наведува дека податоците се базираат на бројот на издадени карти за бројот за папските обраќања, како и на проценките за бројот на верниците кои присуствувале на неговите неделни миси на Плоштадот Свети Петар.
XS
SM
MD
LG