Достапни линкови

Бутарис: солунчани се провинцијалци


Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис оцени дека неговите сограѓани биле искомплексирани од Атина и оти спрема нивниот град се однесувале како спрема село. „Не можам да кажам дека сме европејци. Искомплексирани сме од Атина. Врв за Солун би бил кога народот би можел да одгледува добиток на балконите“, изјави тој во новогодишното интервју за солунскиот неделник Ексосис. Ривалитетот меѓу Атина и Солун се одрази и во Уставот на Грција каде што е наведено дека петмилионската Атина е главен град, а Солун „копрестолнина“.
XS
SM
MD
LG