Достапни линкови

logo-print

Бесими: Членството во ЕУ останува приоритет


вицепремиерот Фатмир Бесими

вицепремиерот Фатмир Бесими

Динамизирање на процесот на пристапување во ЕУ како стратегиски приоритет на државата, поефикасно користење на ИПА фондовите и поголема транспарентност во процесот на евроинтеграцијата. Ова се трите цели на Секретаријатот за европски прашања годинава што ги посочи вицепремиерот Фатмир Бесими на денешната средба со новинарите. Бесими подвлече дека има мал пад во однос на поддршката за евроинтеграциите на Македонија, поради замореност на граѓаните и статус квото во процесот, но дека тие прават јасна разлика меѓу одвивањето на процесот и неговото стратегиско значење. Во врска со грчкото претседавање тој изјави дека на Македонија е да работи на реформите кои, како што рече, се најголемиот нејзин аргумент.
XS
SM
MD
LG