Достапни линкови

Ердоган против „паралелната држава“


На турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган му бил доставен извештај за наводната „паралелната држава“ во Турција, што содржел список со имиња на две илјади луѓе, објави „Ворлд билтен“, повикувајќи се на пратеникот Бурхан Кузу, од владејачката Партија на правдата и развојот. Таа неформална организација, наводно стоела зад неодамнешната антикорупциска операција во Турција. Операцијата резултираше со апсење на над 20 државни службеници, политичари и бизнисмени блиски до владата, вклучително и синовите на двајца тогашни министри и директорот на државната „Халкбанк“. На листата имало научници, државни службеници, судии и бизнисмени.
XS
SM
MD
LG