Достапни линкови

СДСМ побара ослободување на Шиповиќ од притвор


СДСМ денеска одржа прес конференција пред Основниот суд 2 во Скопје во знак на протест поради, како што велат, бесправното задржување на Претседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ и неговите соработници во притвор. Потпретседателот Дамјан Манчевски вели дека е неразбирливо продолжувањето на притворот и покрај тоа што истрагата е завршена и тие нема како да влијаат врз сведоците.
Дополнително, раководството на СДСМ понуди сопствен имот како уште една гаранција дека намерата на Шиповиќ е во судска постапка да ја докаже својата невиност.
Ова е кршење на законот кое само уште еднаш потврдува дека Шиповиќ и соработниците се политички затвореници. Денес на сите во Македонија им е јасно дека ова е политички прогон за прикривање на криминалот од Скопје 2014, рече Манчевски.
XS
SM
MD
LG