Достапни линкови

logo-print

Смртта на палестинскиот амбасадор во Прага, мистерија


Загинувањето на палестинскиот амбасадор во Прага Џамал Мухамад Џамал во вчерашната експлозија на сеф во неговата резиденција станува се помистериозно, јавуваат чешките медиуми. Портпаролот на амбасадата демантира дека станува збор за стар сеф што не бил отворан повеќе од две децении. „Сефот се користел секојдневно. Во него имаше пари за вработените“, вели портпаролот Набил ел Фахил кој ја отфрли и можноста дека сефот бил обезбеден со експлозив.
XS
SM
MD
LG