Достапни линкови

Убиени најмалку две лица во судири во Египет


Во судири меѓу про исламистичките демонстранти и полицијата загинале најмалаку две лица во Египет. Министерството за внатрешни работи соопшти дека насилствата избувнале во средата во градот Александрија. Египет е погоден од бран насилни демонстрации откако армијата го отстрани режимот на исламистичкиот претседател Мохамед Морси во јули, по масовните протести против неговото владеење. Стотици лица се убиени а илјадници се приведени оттогаш. Претходно вчера полицијата употребила солзавец и гумени куршуми за да ги растера протестантите кои демонстрирале во близина на Министерството за одбрана во Каиро со блокирањето на патот и извикувањето слогани против армијата и полицијата.Во понеделникот Обединетите Нации изразија загриженост поради египетското именување на муслиманското братство како терористичка група.
XS
SM
MD
LG