Достапни линкови

logo-print

Поддржувачите на Бандера протестираа во Киев


Околу 15 илјади луѓе учествуваа на протестите по улиците на Киев, по повод 105 годишнината од раѓањето на контроверзниот украински политичар Степан Бандера, кој едни го слават како водач на движењето за ослободување на Украина, а други го презираат како соработник на нацистите. Бандера, лидерот на Организацијата на националистите на Украина,најекстремната тамошна националистичка организација во првата половина на 20 век, е контроверзна личност околу која владеат поделби. Во Киев повеќе од еден месец се одржуваат проевропски протести предизвикани од одлуката на премиерот Јанукович да се откаже од договорот за асоцијација и стабилизација со ЕУ. Националистичката партија на Свобода која го организираше собирот беше една од клучните организатори на масовните проевропски протести, но останатите опозициски партии наведуваат дека собирот во чест на Бандера нема никаква врска со протестите пртив режимот кои траат месец дена во Киев.
XS
SM
MD
LG